Aldıjana Hadzıc
28 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
САРЕВО (АА) – Турскиот град Килис, кој минува низ голем испит на човечноста, оваа година е еден од кандидатите за Нобелова награда за мир, соопшти Генералната дирекција на медиуми и информации на Република Турција, пренесува Anadolu Agency (АA).
Во не така лесниот предизвик на бегалскиот бран, кој резултираше со темелни промени на полето на култура, инфраструктура на градот, општинските услови, локалното население, управа и цивилно општество на здружените сили прават се за нивните комшии Сиријци. Килис кој кон крајот на 2015 година во центарот вбројуваше 106.293 жители, денес е домаќин на повеќе од 120 илјади сириски бегалци.
“Почитувани членови на Комитетот, ве молиме да размислите ! Што би се случило кога во центарот на Париз, кој има скоро 2,5 милиони жители, дојдат гости од повеќе од 2,5 милиони бегалци кои побегнале од војната? Или кога во центарот на Лондон кој има повеќе од 3 милиони жители , дојдат преку 3 милиони лица кои бегаат од војна или некои природни катастрофи, што би помислиле Англичаните, што би направиле ? Или вие, уважени членови на Комитетот, размислите кога Осло на веќе постоечките милион жители додаде уште милион гости бегалци? Што мислите каков би бил прагот на толеранција и разбирање? Меѓутоа, во Килис се случи нешто поразлично од очекуваното ; луѓето ги поделија и ги делат нивните работни и друштвени простори, своите куќи, трговски центри…. Сметам дека на светот не постои сличен пример на масовна мировна акција како оваа”, наведе членот на турскиот пармламент Ајхан Сефер Устун во писмото пратено на Комитетот за Нобелова награда, во кој ја преложи кандидатурата на Килис.
Примери за дела на човечноста за кои светските медиуми опширно известуваат, од различни едукациони курсеви, кои цивилното друштво, локалното население и управата Килис ја организираат за бегалците, забавни активности за деца, доброволни акции на студентитте на Универзитетот Килис, бесплатни здравствени, образовни услови кои се пружаат на гостите од Сирија, придонесуваат за зголемување на меѓународната поддршка за кандидатура на градот Килис за Нобелова награда за мир.
Бирото за население, бегалци и миграција на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави ( САД ), припреми текст со наслов “ Еден Турски Град, кој прави многу за сиријските бегалци, спремен е да биде кандидат за Нобелова награда за мир”, и го сподели на официјалнот профил на Твитер, изјавувајќи дека ја подржува кандидатурата на Килис.
За Сиријците, кои поради избивањето на граѓанската војна во Сирија беа принудени да ја напуштат својата земја, Турција е држава во која најчесто бараат засолниште. Во Турција која за потребите на раселените лица потроши повеќе од 9 милијарди долари, денес живее во близина на 2 милиони 734 илјади сиријски бегалци. Околу 283 илјади бегалци престојуваат во 26 високостандардни привремени прифатилишта, бегалски кампови.
Во тие центри, кои личат на градови, се наоѓаат трговски центри, училишта, градинки, простори за курсеви, разни хоби и спортски активности, како и единици за беспилотни здравствени услуги. Еден од најголемите такви кампови се наоѓа во делот Онкупинар во Килис. Виокиот комесар на Обединетите нации Антонио Гутерес, кој од 2012 година го посети овој камп, рече дека услугите кои се пружаат се на ниво на квалитет кое му доликува на човечкото достоинство и ја повика меѓународната заедница на солидализирање и давање на поддршка за да продолжат овие високи стандарди да се прижаат и применуваат во сите останати места.
Амбасадорката на добрата војла на УНХЦР Анџелина Џоли, која заедно со Гутерес го посети бегалскиот камп во Килис, рече дека никаде не видела центар како што е овој и додаде дека "семејствата и децата се многу благодарни на турскиот народ и на владата како и дека се надева дека и во сите останати места, за престој на семејствата кои се приморани да бегаат од својата земја, овој пат ќе им бидат овозможени кампови каков што е овој" .
Иако од тогаш не е пружена речиси никаква меѓународна помош, стандардите и понатаму настојуваат да се одржат на највисоко ниво, како во кампот Онкупинар, така и во другите приватни центри ширум Турција.