Can Erözden
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
КИЛИС (АА) – Две гранати денес паднаа на југоисточната погранична покраина Килис во Турција, соопштија извори на локалните власти.
Соопштено е дека еден од проектилите за кој се верува дека е лансиран од Сирија паднал во ненаселено место а другиот удрил во зграда повредувајќи 8 лица.
Според Канцеларијата на гувернерот на Килис, 2 од 8 лица се сериозно повредени. Повредените лица се однесени во Државната болница во Килис.