İzzet Mazi
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
КИЛИС (АА) - Две гранати кои беа истрелани од Сирија, рано утрово паднаа во едно село во пограничниот турскиот град Килис, јавува Anadolu Agency (AA).
Артилериските гранати паднаа во квартот Јавуз Султан Селим, една во близина на паркот, а другата во близина на училиште.
На местото на експлозијата пристигнаа надлежните служби за брза медицинска помош и безбедносните сили.
Едно лице кое беше повредено во експлозијата во паркот Исламбеј е пренесено во болница во центарот на Килис.
Другата граната која падна во близина на училиштето не експлодира, а надлежните служби за деминирање работат на нејзино отстранување.