Yasin Temel
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Откако снегот ги прекри карпестите предели, погледот на една од најважните туристички дестинации во Турција, Кападокија, ги воодушевува домашните, но и странските туристи.
Kападокија секоја година ја посетуваат стотици илјади домашни и странски туристи, а нејзините убавини во текот на зимскиот период се снимени со дрон.
Сонцето што денеска се појави по неколкудневните интензивни снежни врнежи, им овозможи на присутните да се почувствуваат како во бајка.
Туристите имаат можност да уживаат во зимската идила и од балоните, па од птичја перспектива ги гледаат убавините на пејзажот и учествуваат во други активности.