Amina Zorniç
28 Август 2016•Ажурирај: 29 Август 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Карпестиот регион на Кападокија сместен во централна Турција го добива епитетот на најомилена турска дестинација која секојдневно ја посетуваат илјадници туристи од цел свет, пишува Anadolu Agency (AA).
Специфичноста на Кападокија, чиј назив значи „Земја на убавите коњи ”, лежи во нејзиниот изглед ограничен со три вулкани кои во овој регион за време на вулканските ерупции го сочинуваат таканаречениот „месечев пејсаж”.
Геолошките движења низ историјата формираа бели „самовилски” оџаци, а жителите на регионот ги оставија своите траги градејќи населби во карпите, претворајќи ги во ремек дела на човечката цивилизација.

Возењето со балони поради поволните климатски услови е достапно 300 дена во годината. Летањето со балон во регионот во траење од 45 минути, чини 200 евра, а само ретки ја пропуштаат можноста од воздух да уживаат во прекрасниот пејсаж.
Меѓу многуте белешки од патувањето, Кападокија е опишана како „музеј на отворено”, при што овој турски регион е окарактеризиран како уникатен и живописен спој на природата и историјата.
Многумина ја нарекуваат волшебна турска покраина, во која летањето со балон е незаборавно искуство.