Behçet Alkan
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
НЕВШЕХИР (АА) - Најмалку 49 туристи, воглавно странци, се повредени во незгодата што се случи утринава, при слетувањето на балони за панорамски лет во турската област Кападокија, јавува Anadolu Agency (AA).
Незгодата се случила кога повеќе балони што пренесувале туристи во местото Ѓореме, во Невшехир се нашле на ударот на силен ветер.
Неколку балони нагло се спуштиле на земја во тоа место, а оние што биле повисоко, се се приземјиле во соседниот Ургуп.
Најмалку 49 туристи се повредени при наглото спуштање на трите балона, кога балонските корпи полни со туристи силно удриле на тлото.
Повредените се префрлени во најблиските болници. Неколкумина туристи претрпеа фрактури на коските, а поголемиот дел поминаа со полесни повреди.
Лекарот на болницата во Кападокија, Фатих Јакут соопшти дека ниту едно од повредените лице не е животно загрозено.
„Во нашата болница се згрижени 12 повредени. Никој не е животно загрозен, а станува збор за туристи од Кореја“, изјави Јакут.