Meltem Bulur
14 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека невнимателните изјави на еврокомесарката за надворешни работи и безбедност, Федерика Могерини и на комесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, немаат никаква вредност за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството упати реакција по соопштението на Могерини и на Хан, во кое Европската Унија ја повикува Турција да се откаже од радикалната реторика и од чекори што носат ризик ситуацијата дополнително да се влоши.
„Откако во изминатите денови настана тензија меѓу Турција и неколку членки на ЕУ, треба да се избегнат понатамошни ескалации на проблемите и да се изнајде пат за смирување на ситуацијата“, порачаа комесарите Могерини и Хан.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција се истакнува дека ЕУ и се обраќа на оваа земја, наместо на земјите што ги прекршија дипломатските договори и правото, кои се причина за настанатата ситуација.
„Унијата, како што беше случај и по кукавичкиот обид за државен удар во Турција, како што беше и по нападите на ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации во ЕУ, реагира без да ги анализира настаните објективно и целосно“, се истакнува во соопштението.
Исто така, во соопштението се нагласува дека Унијата наместо да ги предупреди земјите на ЕУ коишто ги кршат Виенската конвенција за дипломатските односи од 1961 година, Виенската конвенција за конзуларните односи од 1963 година, основните човекови права, одговорности пропишани со Европската резолуција за човековите права, таа нив ги штити и отворено ги крши европските вредности.