Muhammed Boztepe
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (AA) - Најмалку пет припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушен напад на Турската војска изведен на локацијата Адакли, недалеку од турскиот град Бингол, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турскиот Генералштаб е соопштено дека е изведен воздушен напад врз терористите кои подготвувале напади. Во воздушниот напад се неутрализирани најмалку пет припадници на терористичката организација.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на терористичката кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.