Kemal Karadağ,Sarp Özer
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
АНКАРА (AA) - Турските сили го неутрализираа најбараниот терорист на ПКК во странство, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на Вооружените сили на Турција соопшти дека турските сили, во операцијата на северот на Ирак го неутрализирале Исмаил Озден, најбараниот терорист на ПКК/КЏК во странство.
Турските вооружени сили (ТВС) на профилот на Твитер потврдија дека 66-годишниот Озден е неутрализиран на подрачјето на Синџар.
Озден, член на Извршниот совет на ПКК/КЏК, неутрализиран е во заедничка операција на турските вооружени сили и разузнавачката служба.
Исмаил Озден, главниот командант на КЏК во Синџар е првиот терорист од црвената листа кој е неутрализиран во странство.
Листата е поделена во пет категории, со бои, со црвена која го означува најбараното лице, по што следува сината, зелената, портокаловата и сивата.