Zuhal Demirci
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција со Русија постигнала договор за укинување визи за бизнисмени и возачи на камиони, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со Русија начелно се договоривме во врска со укинувањето визи за нашите бизнисмени, како и за нашите возачи на камиони", рече Чавушоглу во обраќањето на 10. Конференција на амбасадори во Анкара.
Истакна дека во текот на вчерашниот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров разговараше за прашањето на укинување на визи и за сириската криза.
„Начелно се договоривме за укинување визи за нашите бизнисмени, посебно за возачите на шлепери и камиони. Мораме од некаде да почнеме. По бајрамските празници ќе се состане заедничка работна група која овој договор ќе го спроведе на дело", рече Чавушоглу.
Изрази надеж дека висите со Русија во потполност ќе бидат укинати.
„Се надеваме дека визите ќе бидат укинати. Така беше пред кризата која ја имавме. Дури водевме преговори за патување без пасоши", рече Чавушоглу.