Kübra Chohan
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
АНКАРА (АА) - „Ако Вашингтон го екстрадира терористичкиот лидер Фетула Ѓулен во Турција, тогаш постои можност за предавање на американскиот свештеник Ендрју Брансон, на кој моментално му се суди во Турција поради поврзаност со терористичка организација“, рече претседателот на Партијата за национално движење на Турција (МХП), Девлет Бахчели, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ако предавникот кој е во Пенсилванија се екстрадира во нашата земја, тогаш може да се актуализира екстрадицијата на свештеникот, и на овој начин двете земји ќе го земат она што го сакаат,“ нагласи Бахчели на прес-конференција во Анкара.
Бахчели нагласи дека заговорот, кој е со цел да ја принуди Турција да се предаде на шпекулативниот напад врз валутните стапки, ќе биде поразен, изразувајќи поддршка за одлуката за бојкотирање на американските технолошки производи и некои стоки.
Лидерот на МХП подвлече дека Турција не се наоѓа во економска криза, туку е напаѓана со непријателство на највисоко ниво.
„Со преземените мерки и новонајавениот економски пристап, темните облаци на хоризонтот ќе исчезнат. Ние имаме целосна доверба“, додаде Бахчели.
Фетула Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, и неговата терористичка организација ФЕТО го извршија обидот за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, при што загинаа 251 лице, а околу 2.200 лица беа повредени.
Моментално, Турција и САД се соочуваат со остри билатерални односи поради санкциите на САД кон министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, и министерот за правда, Абдулхамит Ѓул, поради неослободувањето на Брансон.
Трамп во петокот ги зголеми даноците за челик и алуминиум за 50 и 20 отсто.