Ekip
15 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара го прими катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, кој престојува во посета на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадата на државата Катар во Анкара, во пресрет на посетата на Ал Тани, ѝ изрази поддршка на Турција во врска со сите мерки што ги презема или ќе ги преземе со цел јакнење на националната валута.
„Катар како и во 2016 година кога Турција беше на мета на државниот удар, остана и останува со своите турски браќа. Секогаш ќе бидеме првите што ќе му помогнат на турскиот народ“, е порачано во соопштението на катарската Амбасада.
Ердоган и Ал Тани се состанаа во попладневните часови во Претседателската палата во Анкара.