Ali İhsan Öztürk
09 Април 2016•Ажурирај: 10 Април 2016
ВАН (АА) - На островот Акдамар на езерото Ван во турскиот град со исто име, се појави првиот предвесник на пролетта. Кокичето, сончевото пролетено време, зајаците, птиците и пеперутките на островот му даваат бајковита атмосфера, јавува Anadolu Agency (AA).
Сина езеро и небото, зимзеленa природа, бели и розови цветови ги пленат посетителите. Сепак, дека зимата не е целосно повлечена, сведочи и снегот која се 'уште може да се види на планината Aртос кој се наоѓа во близина на островот.
На островот се наоѓа црква која е стара неколку века. За островот се поврзува и легендата за љубовта помеѓу девојката Тамара и едно момче, која била забранета од страна на таткото на девојката. Младите се гледаа тајно, а девојката која живеела на брегот, секоја вечер се симнувала за да му запали светло на момчето за да може да исплива на островот.
Таткото на девојката дознал и според народното верување, една бурна ноќ, се симнал на брегот со фенерче како знак за да го повика момчето да доплива. Но тој непрестајно одел по брегот по што момчето се изморило и се удавило.