Ekip
21 Август 2016•Ажурирај: 21 Август 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Префектот на турскиот град Газиантеп, Али Јерликаја изјави дека на една свадба во центарот на градот се случил терористички напад и дека како последица има порвредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во неговата изјава за АА, Јерликаја рече дека во маалото Акдере во населбата Шахинбеј во Газиантеп во една сала за свадби е извршен терористички напад.
Кажувајќи дека на местото на настанот испратени голем број на амбулантни возила, Јерликаја рече дека од грозоморниот терористички напад има повредени.