Sibel Uğurlu
27 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
АГРИ (АА) - Палатата на Исхак-паша, еден од најистакнатите примери на османлиската архитектура од 18 век во источна Турција, го привлекува вниманието на туристите истовремено фрлајќи светлина врз историјата.
„Палатата „Исхак-паша“ е исто така важна и поради тоа што е единствената [османлиска] палата во Анадолија“, изјави Јусуф Четин, професор на Универзитетот „Игдир“, за Аnadolu Agency (AA).
Четин рече дека палатата не дава слика само за османлиската архитектура, туку и за селџучката архитектура, како и за традициите на кавкаската уметност.

Палатата, лоцирана на рид пет километри источно од Догубајазит, во турската источна област Агри, се наоѓа на Привремената листа за светско наследство на УНЕСКО од 2 февруари 2000 година.
Палатата стара 235 години има 116 соби, систем за централно греење и стар систем на тоалети.
„Палатата има систем за греење, кој се состои од глинени цевки поставени во ѕидовите, со цел да се обезбеди циркулација на топла вода. Друга интересна карактеристика на палатата е тоа што има тоалети што не можеле да се видат дури ни во европските палати од тоа време“, истакнува професорот Четин.
Осврнувајќи се на 3.000-годишната историја на подрачјето на Догубајазит, тој истакна дека околните историски остатоци се, исто така, вредни да се посетат.