Diyar Güldoğan
28 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ја продолжи својата дводневна официјална посета на главниот белоруски град, Минск, пренесува Anadolu Agency (AA).
„По плодната посета на Русија со претседателот Ердоган, кон Белорусија на билатерални состаноци“, напиша Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер синоќа.
Чавушоглу, исто така, се состана со претставници на турската бизнис-заедница во земјата.
„Во Белорусија имаме инвестирано околу 1,5 милијарди долари“, напиша турскиот министер.
Чавушоглу денес ќе биде пречекан од претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Тој, исто така, ќе се состане и со неговиот белоруски колега, Владимир Макеи, за да разменат мислења во врска со билатералните односи и меѓународните случувања.
Подоцна во текот на денот, Чавушоглу ќе отпатува во Талин, каде што одводено ќе се состане со премиерот на Естонија, Јури Ратас, и со министерот за надворешни работи, Урмас Рејнсалу.
За време на состаноците, се очекува да бидат дискутирани сите апсекти на турско-естонските односи. Исто така, ќе бидат разменети мислења за соработката во рамките на НАТО, процесот на Турција за членство во ЕУ, како и за регионални и меѓународни прашања.