Erbil Başay
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен, истакна дека германските војници во базата Инџирлик до крајот на јуни се наоѓаат во планот на летови на коалицијата за борба против ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Лејен, во изјава за весникот „Bild am Sonntag“, нагласи дека тешко е да се даде точен датум во врска со преместување на германските војници од базата Инџирлик во базата Ал-Азрак во Јордан.
„До крајот на јуни се наоѓаме во планот за летови на коалицијата за борба против ДЕАШ“, вели Лејен, истакнувајќи дека за нив значајно е германските авиони да можат да летаат.
Лејен пренесе дека во најкраток можен рок ќе ги преместат авионите-танкери во Јордан, и истакна дека овие авиони ќе можат повторно да летаат од втората половина на јули.
Меѓу другото, Лејен нагласи дека е многу комплицирано да се преместат извидувачките авиони „Торнадо“, како и техничката опрема. „Сето ова ќе потрае два месеци, од август до септември. Според планираното, извидувачките авиони „Тронадо“ повторно ќе започнат со летови“, вели таа.
Германската влада одлучи да ги повлече своите војници од базата Инџирлик откако Турција, посетувањето на германските војници од страна на германските пратеници, го оцени како несоодветно.