Ekipa
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека сфаќањата кои жените ги оддалечува од човечката, општествена и биолошка природа на нивното битие не ги бранат правата на жените, туку ги загрозуваат нивните слободи и вредности, јавува Anadolu Agency (AA).
„Не можете да ја задоволите правдата со тоа што златото ќе го лишите од вредноста која го чини вредно и ќе го ставите на исто рамниште со сите други руди, или поточно, не можете да го поистоветувате златото со железото. Јас од тој аспект ги разгледувам сите расправи за правата на жените”, порача Ердоган во своето обраќање на свеченото отворање на новата канцеларија во Истанбул на Здружението на жени и демократија (KADEM).
Турскиот претседател предупреди дека жените не треба поради деловната кариера да се откажат од мајчинството, бидејќи на овој начин се одрекуваат од своите вистински права и вредности кои ги имаат како жени.
„Жените кои се откажуваат од мајчинството под изговор дека работат, всушност се откажуваат од битот на женственоста. Јас искрено мислам така. Жените кои го прават тоа се недоискажани и нецелосни, без оглед на нивните постигнати деловни резултати. Жените кои ја сочинуваат половина од светската популација се жени поради разликите, влијанието и задачите кои ги поседуваат, вклучувајќи го и мајчинството, влијанието во семејството и општеството, како и нивната елеганција, естетика и инстинкти. Строго го отфрламе концептот на размислување кој ја занемарува оваа реалност и жената сака да ја претстави како конкурент и противник на мажите во заедницата”, рече Ердоган.
Истакнувајќи дека Турција воведе серија мерки кои ги поттикнуваат деловните и вработени жени на мајчинство, Ердоган рече дека учеството во стопанството и сите сфери на општествениот живот во никој случај не претставува пречка за мајчинството.
Потсетувајќи дека турските власти во изминатите 13 години воведоа серија мерки преку кои на вработените бремени жени и мајки им даваат можност за флексибилно работно време, одобрено отсуство од работното место и задолжително отворање градинки во близина на работните места, Ердоган рече дека во додека ја извршувал должноста премиер и претседател на Турција на сила стапилеолем број на закони со кои се даваат олеснителни околности на жените и додаде дека не го прифаќа ставот дека бизнис кариерата е алтернативиа за мајчинството.
Ердоган во оваа пригода испрати и рамазанска порака до муслиманските верници и истакна дека тоа не е само месец како останатите месеци, туку покрај духовната вредност, важен е и од аспект бидејќи го потестува секој човек на своите обврски и одговорности во општеството.
„Ако во текот на овој месец не ја делиме софрата со загрозените, обесправените и нашите семејства, тоа значи дека не сме ја ни сфатиле вредноста на месецот Рамазан. Несфаќањето на Рамазанот се и луксузните ифтари во вакви хотели со пет звезди”, заклучи Ердоган.