Tutku Şenen
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ОСМАНИЈЕ (АА) - Четиринаесет патници загинаа, а 26 се повредени при пад на меѓуградски автобус во канал вчера во јужната покраина Османије, изјавија здравствени извори за АА, пренесува Anadolu Agency (АА).
Според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност, автобусот превезувал студенти, родители и учители, кога падна во канал во близина на селото Чевдетије, на автопатот Османије-Козан.
Причините за несреќата се непознати.
Повредените беа префлени на лекување во блиската болница.
Спасувачките екипи спроведуваат операција на потрага и спасување на исчезнатите патници во каналот.
Министерот за здравтсво, Реџеп Акдаг доцна синоќа ги посети повредентите лица во Државната болница на Османије.