Diyar Güldoğan
05 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ЃУМУШХАНЕ (АА) - Најмалку еден турски војник загина, а уште еден е повреден во вооружен напад на воено возило во североисточната пoкраина Гумушхане, јавува Anadolu Agency (AA).
Вооружени напаѓачи отворија оган врз воено возило во градот Tорул во Црноморскиот регион на Турција.
Од Kанцеларијата на гувернерот на покраината соопштија дека во нападот се повредени двајца војници, од кои едниот починал на пат кон болница.
„Терористите во овој регион се активни повеќе од еден месец. Покренавме темелна истрага и акција за фаќање на одговорните за овој напад”, рече гувернерот, Јуџел Јавуз, за време на посетата на ранетиот војник во болница.
Иако гувернерот Јавуз не прецизираше дали станува збор за терористичката организација ПКК, таа организација се смета за главниот осомничен за нападот ова утро.
ПКК е на листата на терористички организација во Турција, САД и Европската унија, а својата 30-годишна вооружена кампања против турската држава ја обнови во јули 2015 година. ПКК е најактивна во југо-источниот дел на Турција.
Оттогаш се убиени речиси 500 припадници на безбедносните сили на Турција. Турските сили во декември минатата година започнаа опсежна антитерористичка операција во која ширум Турција и во северен Ирак загинаа речиси 5.000 терористи на ПКК.