свет

Откриена тајната за популарниот наклон од 45 степени на Мајкл Џексон

Откриена е тајната на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, во реализирањето на дел од кореографијата на песната „Smooth Criminal“, во која успеа да се наведне под агол од 45 степени без да падне

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 24.05.2018 - Обновена : 25.05.2018
Откриена тајната за популарниот наклон од 45 степени на Мајкл Џексон

New Delhi

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Откриена е тајната на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, во реализирањето на дел од кореографијата на песната „Smooth Criminal“, во која успеа да се наведне под агол од 45 степени без да падне, пренесува Anadolu Agency (AA).

Резултатите од истражувањето на кое индиски неврохирурзи работеа година и пол се објавени во списанието „Journal of Neurosurgery“ („Журнал за неврохирургија“).

Истражувањето го водеа тројца неврохирурзи од Институтот за медицинска едукација и истражувања (PGIMER) во Индија. Имено, познатото движење е комбинација на специјално дизајнирани чевли и силните тетиви на Џексон.

Во истражувањето на коешто работеа Нишант Јагник, Манџул Трипати и Сандип Мохиндра се наведува дека најдобрите танчери успеваат да постигнат наклон помеѓу 25 и 30 степени.

Специјално дизајнираните чевли со триаголен додаток на потпетиците му овозможија на кралот на попот цврсто да стои на земја и да се наведне кон напред под агол од 45 степени, и покрај гравитацијата.

Сепак, неврохирурзите тврдат дека, и покрај така дизајнираните чевли, наклонот не може да се изврши без многу силни спинални мускули и мускули на долните екстремитети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın