Hüseyin Burak Demirer
11 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА (AA) - Синоќа се одиграа последните натпревари од групната фаза во УЕФА Лига Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа, одиграни се натпреварите во 12 групи по кои се познати учесниците во 16-финалето на УЕФА Лига Европа.
Натпреварите започнаа со едноминутно молчење во знак на почит кон починатата италијанска фудбалска легенда Паоло Роси.
По одиграните натпревари од групната фаза, во 16-финалето на Лига Европа од групата А се пласираа Рома и Јанг Бојс, од групата Б се пласираа Арсенал и Молде, од групата Ц се пласираа Баер Леверкузен и Славија Прага, од групата Д се пласираа Ренџерс и Бенфика, од групата Е се пласираа ПСВ Ајдтховен и Гранада, од групата Ф се пласираа Наполи и Реал Сосиедад, од групата Г се пласираа Лестер Сити и Брага, од групата Х се пласираа Милан и Лил, од групата И се пласираа Виљареал и Макаби Тел Авив, од групата Ј се пласираа Тотенхем и Антверпен, од групата К се пласираа Динамо Загреб и Волфсбергер и од групата Л се пласираа Црвена Ѕвезда и Хофенхајм.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во 12 групи на УЕФА Лига Европа:
- Група А
ЦСКА Софија - Рома 3:1
Јанг Бојс - Клуж 2:1
- Група Б
Дандалк - Арсенал 2:4
Рапид Виена - Молде 2:2
- Група Ц
Баер Леверкузен - Славија Прага 4:0
Хапоел Бир Шева - Ница 1:0
- Група Д
Стандард Лиеж - Бенфика 2:2
Лех - Ренџерс 0:2
- Група Е
ПСВ - Омонија 4:0
ПАОК - Гранада 0:0
- Група Ф
Наполи - Реал Сосиедад 1:1
Риека - АЗ Алкмаар 2:1
- Група Г
Брага - Зорја 2:0
Лестер Сити АЕК 2:0
- Група Х
Спарта Прага - Милан 0:1
Селтик - Лил 3:2
- Група И
Макаби Тел Авив - Демир Груп Сиваспор 1:0
- Група Ј
Тотенхем - Антверпен 2:0
Лудогорец - ЛАСК 1:3
- Група К
Волфсбергер - Феенорд 1:0
Динамо Загреб - ЦСКА Москва 3:1
- Група Л
Слован Либерец - Црвена Ѕвезда 0:0
Хофенхајм - Гент 4:1