Abdulkadir Karakaya
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Турција го задржа 32-то место на новата ранг листа на Меѓународната фудбалска федерација ФИФА на фудбалски репрезентации во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ФИФА ја објави најновата ранг листа на фудбалски репрезентации во светот.
Турција 2020 година ја заврши на 32-то место со 1.437 поени, во споредба со ранг листата од претходниот месец, во првите десет места нема никакви промени.
Белгија, по 2018 и 2019 година, и оваа година ја заврши на врвот на листата. Фудбалската репрезентација на Франција е на второто место, а Бразил е трета.
Најголем пробив на ранг листата оствари репрезентацијата на Унгарија, за една година од 52-то место се искачи на 40-то место.
Северна Македонија е на 65-то место.
Следната светска ранг листа на ФИФА ќе биде објавена на 18 февруари 2021 година.
Најдобрите 10 земји на ранг листата се:
| Место | Репрезентација | Поени | Промена |
| 1 | Белгија | 1780 | - |
| 2 | Франција | 1755 | - |
| 3 | Бразил | 1743 | - |
| 4 | Англија | 1670 | - |
| 5 | Португалија | 1662 | - |
| 6 | Шпанија | 1645 | - |
| 7 | Аргентина | 1642 | - |
| 8 | Уругвај | 1639 | - |
| 9 | Мексико | 1632 | - |
| 10 | Италија | 1625 | - |