Hüseyin Burak Demirer
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
АНКАРА
Синоќа се одиграа последните натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на шампиони во сезоната 2020/2021, известува Агенција Анадолија (АА).
Во европското најзначајно фудбалско клупско натпреварување, Лигата на шампиони, синоќа се одиграа средбите во групите А, Б, Ц и Д и прекинатиот натпревар меѓу ПСЖ и Медипол Башакшехир.
Во групата А екипите на Баерн Минхен и Атлетико Мадрид ќе играат во осминафиналето на ЛШ. Во синоќа одиграните средби Баерн Минхен со 2:0 ја совлада Локомотива Москва, додека Салцбург на домашен терен загуби со 0:2 од Атлетико Мадрид. Екипата на Салцбург како третопласирана екипа ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.
Во групата Б пласманот во осминафиналето на ЛШ е познат по натпреварите одиграни синоќа. Реал Мадрид на домашен терен ја пречека Борусија Менхенгладбах. Домаќините славеа со 2:0 и го освоија првото место во групата со 10 бода. Во втората средба Шахтјор Донецк му гостуваше на Интер. Италијанскиот претставник одигра нерешено без голови 0:0 и се најде на дното од табелата. Борусија Менхенгладбах и Шахтјор Донецк имаат по 8 бода, но поради подобриот скор во меѓусебните дуели, Борусија Менхенгладбах ќе игра во ЛШ, а Шахтјор натпреварувањето ќе го продолжи во Лига Европа.
- Аталанта во осминафиналето
Во групата Ц уште во минатото коло Манчестер Сити и Порто го обезбедија пласманот во осминафиналето на Лигата на шампиони. Синоќа Манчестер Сити со 3:0 го совлада Олимпик Марсеј, додека Порто како гостин со 0:2 го совлада Олимпијакос. Олимпијакос и Олимпик Марсеј имаа ист број бодови, но како третопласиран, натпреварувањето во Лига Европа ќе го продолжи грчкиот претставник поради подобриот скор во меѓусебните дуели.
Во Групата Д, во последното 6. коло се бараше вториот патник во осминафиналето на ЛШ меѓу екипите на Ајакс и Аталанта, покрај екипата на Ливерпул кој претходно го обезбеди пласманот. Ајакс на домашен терен ја пречека Аталанта, која изненади и со минимални 0:1 го совлада холандскиот претставник и избори пласман во осминафиналето. Ајакс како третопласиран ќе игра во Лига Европа.
Синоќа се одигра и прекинатиот натпревар меѓу Париз Сен Жермен (ПСЖ) и Медипол Башакшехир поради расистичкиот испад на четвртиот судија. Домаќините извојуваа висока победа од 5:1. На оваа средба Нејмар оствари хет-трик, постигнувајќи погодоци во 21., 38. и 50. минута, а Мбапе беше стрелец на два гола, во 42. минута од белата точка и во 62. минута. Единствениот погодок за Медипол Башакшехир го постигна Мехмет Топал во 57. минута.
Според табеларниот приказ во групите, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Борусија Менхенгладбах, Манчестер Сити, Порто, Ливерпул, Аталанта, Челси, Севиља, Борусија Дортмунд, Лацио, Јувентус, Барселона, ПСЖ и Лајпциг се 16 тима што ќе играат во осминафиналето на ЛШ.
Како третопласирани во групите, екипите на Салцбург, Шахтјор Донецк, Олимпијакос, Ајакс, Краснодар, Клуб Бриж, Динамо Киев и Манчестер Јунајтед натпреварувањето ќе го продолжат во Лига Европа.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во групите А, Б Ц и Д:
Салцбург - Атлетико Мадрид 0:2
Баерн Минхен - Локомотива Москва 2:0
Интер - Шахтјор 0:0
Реал Мадрид - Борусија Менхенгладбах 2:0
Манчестер Сити - Олимпик Марсеј 3:0
Олимпијакос - Порто 0:2
Ајакс - Аталанта 0:1
Митјиланд - Ливерпул 1:1
ПСЖ - Истанбул Башакшехир 5:1