Serhat Bağbars
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Ливерпул го продолжи договорот со Египќанецот Мухамед Салах, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Ливерпул се наведува дека е продолжен договорот со 26-годишниот Салах.
Британските медиуми наведуваат дека Ливерпул го продолжил договорот на Салах за пет години, со неделна плата од 200.000 британски фунти.
Салах минатата сезона одигра 52 натпревари во дресот на Ливерпул и постигна 44 погодоци.