Satuk Buğra Kutlugün
02 Јули 2018•Ажурирај: 03 Јули 2018
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Еден од најдобрите кошаркари во историјата на американската национална лига (НБА), Леброн Џејмс, ќе ја продолжи кариерата во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, пренесува Anadolu Agency (AA).
НБА-ѕвездата и најпознатото име на Лејкерс, Коби Брајан, синоќа му посака на Џејмс добредојде во новиот тим.
„Добредојде во семејството Кинг Џејмс“, порача Брајан на Твитер.
Брајан му честиташе на сопственикот на клубот, Жан Бусу, и на претседателот Меџик Џонсон што успеаја да го донесат 33-годишниот Џејмс.
Американските медиуми објавија дека Џејмс ќе потпише четиригодишен договор со Лејкерс.
Тимот од Лос Анџелес веќе неколку години не може да се избори за пласман во плејоф доигрувањата за шампионската титула, а челниците на клубот најавија доведување на „звучно“ засилување во своите редови.
И покрај тоа што не успеаја да постигнат договор со Пол Џорџ од Оклахома, Лејкерси успеаја во преговорите со Леброн Џејмс, Џавејл Мекги и Ленс Стивенсон.