Hüseyin Burak Demirer
16 Јануари 2021•Ажурирај: 17 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Благодарение на 25-те поени на турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, екипата на Кливленд Кавалирс во рамките на натпреварите на американската Национална кошаркарска лига (НБА) ја совлада екипата на Њујорк Никс со 106:103, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА. Натпреварите Детроит Пистонс - Вашингтон Визардс, Минесота Тимберволвс - Мемфис Гризлис и Феникс Санс - Голден Стејт Вориорс се откажани поради откриените нови случаи на коронавирус во овие екипи.
Кавалирс како домаќин го совлада Никс со резултат 106:103. Андре Драмонд, центарот на Кавалирс, на овој натпревар постигна дабл-дабл од 33 поени, 23 скока и 3 асистенции, станувајќи најдобриот играч на теренот. Охриѓанецот Џеди Осман со 25 поени, 5 асистенции, 3 скока и 2 украдени топки го постигна својот најдобар скор оваа сезона.
Драмонд, кој по 43. пат успеа на еден натпревар да го мине баражот од 20 поени и 20 скока, се искачи на 3. место во историјата на НБА, оставајќи го зад себе Хаким Олајџувон. На првото место на оваа листа се наоѓа Мозес Малоне (109), а втор е Двајт Хауард (51).
Во редовите на Никс најпрецизен беше Џулиус Рендл со постигнати 28 поени, 6 скока и 6 асистенции. На оваа средба Имануел Квикли постигна 23 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Ар Џеј Барет 20 поени, 4 скока и 3 асистенции.
- Лејкерси не забавуваат -
Актуелниот шампион на НБА, екипата на Лос Анџелес Лејкерс, на домашен терен ги совлада Њу Орлеанс Пеликанс со 112:95 и дојде до својата петта последователна победа, 9-та во последните 10 натпревари.
Во редовите на Лејкерс шест играчи успеаја да постигнат двоцифрен скор. Леброн Џејмс постигна дабл-дабл учинок од 21 поен, 11 асистенции и 8 скока, Ентони Дејвис постигна 17 поени, 6 скока, 5 асистенции, 3 украдени топки и 3 блокади, а Монтрезл Харел постигна 16 поени, 5 скока и 1 асистенција.
Во редовите на Пеликанс најдобар перформанс прикажаа Зион Вилијамс, постигнувајќи дабл-дабл од 21 поен и 12 скока, и Брендон Инграм со 20 поени, 5 асистенции и 3 скока.
- Резултати:
Бостон Селтикс - Орландо Меџик 124:97
Милвоки Бакс - Далас Маверикс 112:109
Кливленд Кавалирс - Њујорк Никс 106:103
Оклахома Сити Тандер - Чикаго Булс 127:125 (во продолжение)
Јута Џез - Атланта Хоукс 116:92
Лос Анџелес Лејкерс - Њу Орлеанс Пеликанс 112:95
Сакраменто Кингс - Лос Анџелес Клиперс 100:138.