Yunus Kaymaz
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја постигна својата трета последователна победа во рамките на натпреварите во американската Национална кошаркарска лига (НБА), совладувајќи го Хјустон Рокетс како гостин со резултат 117:100, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 6 натпревари во НБА. Тимот на Лејкерс, кој е лидер во Западната конференција и кој доминира во текот на целиот натпревар, со 17 поени разлика ги совлада Рокетси, постигнувајќи ја својата трета последователна победа, деветта оваа сезона.
Во редовите на Лејкерс најпрецизен беше Леброн Џејмс со 26 поени, 8 скока, 5 асистенции, а дабл-дабл учинок постигнаа Ентони Дејвис со 19 поени, 10 скока и Кајл Кузма со 11 поени, 11 скока.
Во редовите на Рокетс, најдобра игра прикажаа Кристијан Вуд со 18 поени, 8 скока, 1 асистенција и Џејмс Харден со 16 поени, 7 скока, 6 асистенции. Дабл-дабл учинок оствари Демаркус Казинс, постигнувајќи 13 поени, 10 скока, 3 асистенции.
- 17 поени на Џеди Осман не беа доволни за да се избегне поразот -
Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман кој настапува во редовите на Кливленд Кавалирс, на средбата во која Јута Џез победи со 117:87, постигна 17 поени, 6 асистенции и 4 скока.
На натпреварот во кој Џеди Осман беше најдобар стрелец, во редовите на Кливленд Исак Окоро постигна 11 поени, 3 скока, 3 асистенции, а Демијан Дотсон постигна 11 поени, 2 скока и 3 асистенции.
Најзаслужни за победата на Јута Џез беа Донован Мичел со 27 поени, 4 асистенции, 3 скока, Џордан Кларксон со 21 поен, 8 скока, 4 асистенции и Бојан Богдановиќ со 20 поени, 3 асистенции и 2 скока.
- Резултати
Филаделфија Севентисиксерс - Мајами Хит 137-134 (во продолжение)
Кливленд Кавалирс - Јута Џез 87:117
Бруклин Нетс - Денвер Нагетс 122:116
Хјустон Рокетс - Лос Анџелес Лејкерс 100:117
Оклахома Сити Тандер - Сан Антонио Спарс 102:112
Голден Стејт Вориорс - Индијана Пејсерс 95:104