Hüseyin Burak Demirer
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
АНКАРА (АА) – Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, постигна 51 поен во Американската кошаркарска лига (НБА), совладувајќи ја екипата на Мајами Хит со резултат од 113:97, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во НБА-лигата синоќа се одиграа 5 натпревари. Лос Анџелес Лејкерс на гостински терен ја совлада екипата на Мајами Хит со 113:97. Ол-старот на Лејкерс, Леброн Џејмс, постигна 51 поен и имаше 8 скокови против неговиот поранешен тим Мајами Хит. Џејмс за Мајами Хит играше од 2010 до 2014 година, и со нив стигна до две шампионски титули.
Во својата кариера Џејмс по 12-ти пат ја надмина границата од 50 поени и во листата ТОП 50 на НБА-лигата се искачи на шестото место, оставајќи го зад себе Ален Ајверсон.
Кај Лејкерс Кентавиус Колдвел-Поуп го заврши мечот со 19 поени, а Кајл Кузма со 15 поени. Во Мајами Хит најмногу поени постигна Вејн Елингтон, 19, додека Џош Ричардсон и Тајлер Џонсон мечот го завршија со по 17 поена.
- Вориорс продолжи со порази -
Шампионот од последните две години, Голден Стејт Вориорс, кој минува низ тешки денови поради расправиите помеѓу Кевин Дурант и Драјмонд Грин и повредите, го забележа третиот последователен пораз. Сан Антонио на домашен терен ја порази екипата на Вориорс со резултат од 104:92. Со овој пораз Вориорс го доживеа петтиот пораз во последните 7 натпревари.
За Спарс, Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени и 18 скока и оствари дабл-дабл, а Демар Дерозан мечот го заврши со 20 поени и 5 скока. Руди Геј со 3 блока даде придонес за победата на Спарс.
Во тимот на Голден Стејт прв стрелец беше Кевин Дурант со 26 поени, 10 скока и 6 асистенции. Дваесет и петте поени на Клеј Томпсон не беа доволни за да се промени резултатот.
- Останати резултати -
Минесота Тимберволвс - Мемфис Гризлис 87 : 100
Мајами Хит - Лос Анџелес Лејкерс 97 : 113
Орландо Меџик - Њујорк Никс 131 : 117
Вашингтон Визардс – Портланд Трејл Блејзерс 109 : 119
Сан Антонио Спарс – Голден Стејт Вориорс 104 : 92