Hüseyin Burak Demirer
18 Ноември 2018•Ажурирај: 19 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Кошаркарот на Шарлот Хорнетс во Американската кошаркарска лига (НБА), Кемба Вокер, постигна 60 поени на мечот против Филаделфија Севентисиксерс, но неговите поени не беа доволни за постигнување победа во натпреварот во кој Филаделфија го совлада својот противник, Шарлот Хорнетс, со резултат 122:119, пренесува Anadolu Agency (AA).
Натпреварот меѓу Шарлот Хорнетс и Филаделфија заврши со нерешен резултат 110:110, а потоа беше одиграно дополнително време. Филаделфија успеа да постигне победа против Шарлот Хорнетс со кошот од 3 поени кој го постигна во последната секунда Џими Батлер.
Кошаркарот на Хорнетс, Кемба Вокер, постигна 60 поени на натпреварот, и со тоа го постигна рекордот во својата кариера, а истовремено го сруши рекордот на својот клуб. Но постигнатите 60 поени на Вокер не беа доволни за победа.
Натпреварот заврши со победа на Филаделфија против Шарлот Хорнетс, со резултат 122:119.
- Резултати од другите натпревари -
Бруклин Нетс - Лос Анџелес Клиперс 119:127
Шарлот Хорнетс - Филаделфија Севентисиксерс 119:122
Индијана Пејсерс - Атланта Хоукс 97:89
Њу Орлеанс Пеликанс - Денвер Нагетс 125:115
Орландо Меџик - Лос Анџелес Лејкерс 130:117
Бостон Селтикс - Јута Џез 86:98
Чикаго Булс - Торонто Рапторс 83:122
Хјустон Рокетс - Сакраменто Кингс 132:112
Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс 112:109
Феникс Санс - Оклахома Сити Тандер 100:110