Doga Kirmizioglu
17 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа 7 натпревари од 5. коло на УЕФА Лигата на нации.
Во продолжение на 5. коло од Лигата на нации, синоќа се одиграа 7 натпревари во лигите А, Б, Ц и Д.
Во Групата 1 на Лигата А, светскиот шампион Франција како гостин загуби од Холандија со резултат од 2:0, со што е прекината серијата од 15 натпревари без пораз на меѓународната сцена. Погодоците за Холандија ги постигнаа Џорџино Вајналдум во 44. минута и Мемфис Депај во 90.+6. минута од натпреварот.
Овој натпревар беше потврда дека Германија, која има само 1 поен во Групата 1, излезе од Лигата А.
Во Групата 1 на Лигата Б, Словачка ја совлада Украина со 4:1. Погодоците за домаќинот ги постигнаа Алберт Руснак во 6. минута, Јурај Куцка во 26., Адам Зрелак во 52. и Роберт Мак во 61. минута, додека единствениот погодок за Украина го постигна Јевхен Коноплјанка.
Во Групата 4 од Лигата Б, Велс на домашен терен загуби од Данска со резултат 1:2. Со оваа победа Данска избори пласман во Лигата А. Погодоците на Данска ги постигнаа Николаи Јоргенсен и Мартин Брејтвејт, додека единствениот гол за Велс го постигна Герет Бејл.
- Петков стана најстар голман
Во Групата 3 на Лигата Ц, Кипар (грчки дел) на свој терен одигра нерешено против Бугарија со резултат 1:1. Голманот на бугарската репрезентација, Георги Петков, на возраст од 42 години, 8 месеци и 2 дена, со настапот на овој натпревар стана најстариот голман што играл на меѓународната европска арена.
Со 7-те натпревари што ќе се одиграат вечерва, завршува 5. коло од УЕФА Лигата на нации.
Резултати од синоќешните натпревари:
Лига А
Група 1: Холандија - Франција 2:0
Лига Б
Група 1: Словачка - Украина 4:1
Група 4: Велс - Данска 1:2
Лига Ц
Група 3: Кипар (грчки дел) - Бугарија 1:1
Словенија - Норвешка 1:1
Лига Д
Група 4: Гибралтар - Ерменија 2:6
Лихтенштајн - Македонија 0:2
За вечерва се закажани натпреварите:
Лига А
Група 3: Италија - Португалија
Лига Б
Група 2: Турција - Шведска
Лига Ц
Група 1: Албанија - Шкотска
Група 4: Србија - Црна Гора
Романија - Литванија
Лига Д
Група 3: Азербејџан - Фарски Острови
Малта - Косово