спорт

Лига на нации: БиХ избори пласман во Лига А, Хрватска подобра од Шпанија

- Вечерва Македонија ѝ гостува на репрезентацијата на Лихтенштајн. Натпреварот почнува во 20:45 часот. БиХ одигра нерешено против Австрија на гости 0 : 0 и избори пласман во најпрестижната Лига А на УЕФА Лигата на нации

Hüseyin Burak Demirer  | 16.11.2018 - Обновена : 16.11.2018
Лига на нации: БиХ избори пласман во Лига А, Хрватска подобра од Шпанија

Ankara

АНКАРА (АА) - Синоќа се одиграа 9 натпревари од 5. коло на УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на новиот систем на натпреварување што го организира УЕФА, синоќа се одиграа 9 натпревари од групите А, Б, Ц и Д.

Во Групата 4 на Лигата А, репрезентацијата на Хрватска која сака да ја задржи шансата за пласман во финалето, на домашен терен ја совлада репрезентацијата на Шпанија со резултат 3 : 2 во судиското продолжение. Победоносниот погодок за Хрватска во 90+3 минута го постигна Тин Једвај.

Во Групата 2 на Лигата А, Белгија на домашен терен го пречека Исланд. Белгија извојува победа од 2 : 0 со погодоците на Миши Батшуаји.

Во Групата 3 на Лигата Б, лидерот Босна и Херцеговина (БиХ) на гостински терен одигра нерешено 0 : 0 против Австрија. БиХ освои 10 бода во 4 натпревари и обезбеди пласман во престижната Лига А.

За денеска се закажани 7 натпревари. Македонија му гостува на Лихтенштајн. Натпреварот ќе започна во 20:45 часот.


Резултати:

Лига А

Група 2: Белгија - Исланд 2 : 0

Група 4: Хрватска - Шпанија 3 : 2


Лига Б

Група 3: Австрија - Босна и Херцеговина 0 : 0


Група Ц

Група 2: Унгарија - Естонија 2 : 0

              Грција - Финска 1 : 0


Лига Д

Група 1: Казахстан - Летонија 1 : 1

              Андора - Грузија 1 : 1

Група 2: Луксембург - Белорусија 0 : 2

              Сан Марино - Молдавија 0 : 1


Денеска на програмата се средбите:

Лига А

Група 1: Холандија - Франција


Лига Б

Група 1: Словачка - Украина

Група 4: Велс - Данска


Лига Ц

Група 3: Кипар (грчки дел) - Бугарија

              Словенија - Норвешка

Лига Д

Група 4: Гибралтар - Ерменија

              Лихтенштајн - Македонија

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.