Sanela Crnovrsanın
28 Јануари 2020•Ажурирај: 29 Јануари 2020
ЗАГРЕБ (AA) - Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, го разреши министерот за здравство, Милан Кујунџиќ, поради лажна изјава за својата имотна состојба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Марко Милиќ, портпаролот на хрватската Влада, на новинарите им изјави дека со одлука на премиерот Пленковиќ, министерот Кујунџиќ е разрешен од функцијата.
Информирајќи дека премиерот Пленковиќ вчера се сретнал со министерот Кујунџиќ, портпаролот Милиќ истакна: „Нашиот министер за здравство наместо да се справува со коронавирусот, што во моментов претставува глобален проблем, тој во последниот период беше преокупиран со сопствените проблеми.“
Премиерот Пленковиќ ќе го соопшти новиот министер за здравство утре.
Во меѓувреме, Кујунџиќ даде изјава во врска со тврдењата поврзани со него, истакнувајќи дека не ја скрил намерно својата имотна состојба, туку дека станува збор за „грешка направена во дадената изјава“.