Şenhan Bolelli
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
МАДРИД (АА) – Во последните 24 часа од пандемијата на Ковид-19 во Шпанија починаа 619 лица, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 16.972 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше информациите за Ковид-19.
Според овие информации, во последните 24 часа од Ковид-19 во Шпанија починале 619 лица, додека вчера 510 лица.
На 23 март од коронавирусот починаа 462 лица, на 24 март 514, на 25 март 738, на 26 март 655, на 27 март 769, на 28 март 832, на 29 март 838, на 30 март 812, на 31 март 849, на 1 април 864, на 2 април 950, на 3 април 932, на 4 април 809, на 5 април 674, на 7 април 743, на 8 април 757, на 9 април 683, на 10 април 605 лица, а вчера починаа 510 лица.
Од друга страна, бројот на потврдени случаи во текот на 24 часа е зголемен за 4.167, со што вкупната бројка се зголеми на 166.019.
Исто така споделено е дека од Ковид-19 вкупно во Шпанија се излекувале 62.391 лице, додека вчерашната бројка на излекувани е 3.282 лица.
- „Извесен период ќе мора да одржуваме социјална дистанца насекаде, вклучувајќи ги и плажите“ -
Министерот за трговија, туризам и индустрија на Шпанија, Рејес Марото, во изјавата за весникот „Ел Паис“, рече: „Сѐ додека не се најде вакцина, ништо нема да биде како порано. Дотогаш, сите видови масовни активности ќе бидат ограничени за да се одржи безбедно растојание. Не ќе може да купуваме како порано, на работните места ќе мора да се одржува социјалната дистанца. Извесен период ќе мора да одржуваме социјална дистанца насекаде, вклучувајќи ги и плажите.“
Нагласувајќи дека неизвесноста предизвикана од Ковид-19 е присутна во сите сектори, Марото рече дека одлуката околу отворањето на границите и аеродромите ќе биде донесена во зависност од развојот на настаните во другите европски земји.