Islam Doğru
12 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) – Загадувањето на воздухот во Соединетите Американски Држави (САД) е намалено за 30 проценти во големите градови, благодарение на тоа што голем дел од луѓето „останаа дома“, во рамките на мерките преземени во борбата против коронавирусот Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според сателитските податоци на Центарот за вселенски летови „Годард“, објавени на веб-страницата на НАСА, нивото на загадување на воздухот со азот диоксид во големите градови во североисточниот дел на САД е намалено за 30 проценти во март во споредба со просекот на последните четири години.
Наведувајќи дека азотниот диоксид е резултат на фосилното гориво кое се користи за транспорт и производство на електрична енергија, официјални лица од НАСА истакнаа дека намалувањето на загадувањето на воздухот е резултат на промената на човековата активност поради епидемијата.
Забележувајќи дека намалувањето на загадувањето на линијата Бостон - Њујорк - Вашингтон е привремено, официјалните лица изјавија дека податоците за загадувањето може да се вратат на исто ниво кога ќе заврши повикот „Остани дома“.