свет

Последните 24 часа во Шпанија од Ковид-19 починааа 757 лица, вкупно 14.555 досега

Последните 24 часа во Шпанија од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) починааа 757 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се искачи на 14.555

Şenhan Bolelli  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Последните 24 часа во Шпанија од Ковид-19 починааа 757 лица, вкупно 14.555 досега

МАДРИД

Последните 24 часа во Шпанија од последиците предизвикани од Ковид-19 животот го загубија 757 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 14.555, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше податоците поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Во периодот од 2 до 6 април во Шпанија беше забележан пад во бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 на дневно ниво, но вчера и денеска повторно постои тенденција на зголемување на бројот на починати од Ковид-19.

Вчера во Шпанија беа регистрирани 743 смртни случаи предизвикани од новиот тип на коронавирусот, додека денеска таа бројка изнесува 757. Со овие податоци, вкупниот број лица што ги загубија животите како последица од заразеност со Ковид-19 во Шпанија се искачи на 14.555.

Од друга страна, во последните 24 часа, 6.180 лица биле позитивни на тестот на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 146.690.

Вниманието го привлекува фактот што последните два дена е забележан раст и во бројот на детектирани лица кои се позитивни на тестот на Ковид-19.


- За првпат не е објавена бројката на пациентите што се наоѓаат на интензивна нега

Бројот на пациенти кои во последните 24 часа во Шпанија се излекувале од новиот тип на коронавирусот изнесува 4.813, со што во оваа земја од заразеност со Ковид-19 се излекувале вкупно 48.021 лице.

Соопштувајќи дека постојат проблеми околу протокот на информации од страна на раководствата на автономните области, за првпат не се објавени податоците за бројот на пациенти што се наоѓаат на интензивна нега. Според информациите од вчера, на одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 7.069 пациенти.

Од пандемијата на Ковид-19 најмногу е погодена областа Мадрид, каде што во последните 24 часа имало 215 смртни случаи, со што вкупниот број на починати во ова подрачје се искачи на 5.586 лица. Последните 24 часа 1.981 лице биле позитивни на тестот на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во областа Мадрид достигна 42.450.


- Утре во шпанскиот Парламент ќе се гласа за продолжување на вонредната состојба

Левоориентираната коалициска Влада на Шпанија претходно имаше најавено дека вонредната состојба во земјата која влезе во сила на 14 март, ќе биде продолжена до 25 април на полноќ.

Утре во шпанскиот Парламент ќе се гласа за продолжување на вонредната состојба.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın