Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар изјави дека од 28 февруари речиси 149.000 баратели на азил ја преминале северозападна граница и влегле во Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи во интервју за телевизискиот канал „ТРТ Хабер", турскиот министер за одбрана изјави: „Од 28 февруари 148.763 лица ја преминаа грчката граница.“
Турција е главна транзитна рута за мигрантите кои имаат за цел да преминат во Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.
Илјадници мигранти се наоѓаа на турско-грчката граница, откако Анкара на крајот на февруари објави дека повеќе нема да ги попречува да преминат во Европа, обвинувајќи ја ЕУ дека не го исполнила својот дел од договорот во 2016 година.
Акар исто така нагласи дека турските и руските сили во Сирија ја спровеле својата трета заедничка патрола во согласност со Договорот од Москва постигнат на почетокот на март.
„Третата заедничка копнена патрола на турските и руските сили беше спроведена денеска од воздух и со копнените возила на Автопатот М4 во сириската покраина Идлиб, како дел од Договорот на Турција и Русија“, се соопштува од Министерството за одбрана на Твитер, и се додава дека нивните патроли ќе продолжат.