свет

Во Јапонија детектирани приближно 5.500 лица позитивни на Ковид-19

- Во Јапонија се детектирани 5.480 лица заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19), од кои 1.339 потекнуваат од главниот град Токио и 481 од Осака

Ahmet Furkan Mercan  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Во Јапонија детектирани приближно 5.500 лица позитивни на Ковид-19

ТОКИО

Заедно со тестовите направени во последните 24 часа, вкупниот број лица кои биле позитивни на тестот на Ковид-19 во Јапонија изнесува приближно 5.500, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Јапонија се даваат информации во врска со бројот на заразени и починати лица од Ковид-19 на ниво на целата земја.

Според тие податоци, во Јапонија се детектирани 5.480 лица заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19), од кои 1.339 потекнуваат од главниот град Токио и 481 од Осака.

Бројот на позитивни лица на тестовите е следен: 332 во Канагава, 307 во Чиба, 260 во Аичи, 240 во Хјого, 218 во Саитама, 208 во Хокаидо, 203 во Гукуока и 155 во Кјото.

Во Јапонија од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19 починаа 109 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.