свет, Коронавирус

Во Русија регистрирани 1.175 нови случаи на заразување со Ковид-19

- „Од последиците на Ковид-19 од вчера починаа 5 лица, при што вкупниот број смртни случаи изнесува 63 лица“, објави тимот за итни случаи на Владата на Русија

Elena Teslova  | 08.04.2020 - Обновена : 08.04.2020
Во Русија регистрирани 1.175 нови случаи на заразување со Ковид-19

МОСКВА

Русија во последните 24 часа регистрираше 1.175 нови случаи на заразување со Ковид-19, при што вкупниот број заразени лица изнесува 8,672, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Од последиците на Ковид-19 од вчера починаа 5 лица, при што вкупниот број смртни случаи изнесува 63 лица“, објави тимот за итни случаи на Владата на Русија.

Се додава дека случаите се регистрирани во 81 од 85 руски региони. Истакнато е дека досега од Ковид-19 се излекувале 580 пациенти.

Откако се појави во кинескиот град Вухан, во декември 2019 година, вирусот се прошири во најмалку 184 земји и региони, а со новиот тип коронавирус Ковид-19 во светот се заразени повеќе од 1,43 милиони лица.

Потврдени се над 82.000 смртни случаи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın