Erbil Başay
06 Јануари 2020•Ажурирај: 07 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) - Полскиот фудбалер Роберт Левандовски, кој го носи дресот на клубот од германската Бундеслига, Баерн Минхен, е избран за најдобар фудбалер на полусезоната 2019/2020, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според анкетата на списанието „Кикер“ во која беа вклучени 239 фудбалери кои играат во Бундеслигата, Левандовски доби 47,7 отсто од гласовите и е избран за најдобар фудбалер на полусезоната.
Левандовски (31) во оваа полусезона постигна 19 погодоци, а по него следуваат Тимо Вернер од Лајпциг кој ги доби 14,6 отсто од гласовите, и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, кој ги доби 14,6 отсто од гласовите.
Од фудбалерите на Бундеслигата, за најдобар голман на оваа полусезона, со добивање на 38,9 отсто од гласовите е избран шведскиот голман Јан Сомер, кој го носи дресот на Борусија Минхенгладбах, по кого следуваат Мануел Нојер од Баерн Минхен и Петер Гулаши од Лајпциг.
Исто така, учесниците во оваа анкета со 80,3 отсто од гласовите го избраа тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, за моментално најдобар тренер во светот, додека Аргентинецот Лионел Меси кој го носи дресот на Барселона, со 56,9 отсто од гласовите го избраа за најдобар фудбалер во светот меѓу активните фудбалери.