спорт

Ибрахимовиќ: „На 38 години имав повеќе понуди отколку на 28“

- „Милан ми ја врати среќата што играм фудбал по Барселона. Доаѓам да ја подобрам ситуацијата“, рече Ибрахимовиќ

Dejan Maksımovıc  | 03.01.2020 - Обновена : 07.01.2020
Ибрахимовиќ: „На 38 години имав повеќе понуди отколку на 28“

МИЛАН

Златан Ибрахимовиќ денес и официјално е претставен пред јавноста како нов фудбалер на славниот Милан, кој се наоѓа во голема криза. Во таа прилика, Ибрахимовиќ истакна дека на 38-годишна возраст добил повеќе понуди отколку на 28, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Легендарниот шведски напаѓач истакна дека физички е подготвен и дека се надева оти веднаш ќе почне да игра.

„По мојот последен натпревар за ЛА Галакси, ме повика Паоло Малдини. Разговаравме за тоа како се чувствувам, како и за некои други нешта. На 38 години имав повеќе понуди отколку на 28. Барав адреналин во себе, за да го извлечам максимумот. Многу разговарав со Звонимир Бобан, потоа помина еден месец и имаше многу повици по натпреварот со Аталанта“, рече Ибрахимовиќ и додаде:

„Тоа не беше тешка одлука. Кога си заминав во 2012 година, тоа не беше моја одлука. Ситуацијата беше таква и не можев да направам ништо. Милан ми ја врати среќата што играм фудбал по Барселона. Доаѓам да ја подобрам ситуацијата. Се запознав со тимот однадвор. Мораме да размислуваме од натпревар до натпревар и тимот ќе има квалитет.“

За време на претставувањето, Ибрахимовиќ со италијанските новинари разговараше и за други фудбалски теми, не само за Милан.

„Убаво е тоа што Кристијано Роналдо е во Италија, тоа е важно за Серијата А. Што се однесува до Дејан Кулушевски и неговиот трансфер во Јувентус, добро што шведските фудбалери играат за извонредни тимови, во моментов премалку го прават тоа. Кога живеев во САД, тешко е да се следат европските лиги. Чув само позитивни нешта за Кулушевски и драго ми е за него. Тој знае што мора да направи за да дојде до врвот“, рече Ибрахимовиќ.

Иако пред 2 месеца наполни 38 години, извонредниот Швеѓанец висок 1,95 сантиметри се надева дека на крајот од сезоната ќе го продолжи договорот со Милан за една година.

„Ако придонесам за тимот во првите 6 месеци, тогаш ќе останам и понатаму. Не сакам да останам тука само затоа што сум Ибрахимовиќ. Она што го правев во минатото не се зема предвид. Многу нешта треба да си докажам себеси. Имам предизвик со самиот себеси, сакам да направам разлика и мора да има вистинска желба и менталитет“, истакна Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот за време на својата богата фудбалска кариера играше за Малме, Ајакс, Интер, Барселона, Милан, Париз Сен Жермен, Манчестер јунајтед и ЛА Галакси и за тие клубови имаше 788 настапи на кои постигна 473 погодоци. За репрезентацијата на Шведска одигра 116 натпревари, постигнувајќи 62 погодоци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın