Ekipa
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
СКОПЈЕ
Во швајцарскиот град Нион, во центарот на УЕФА, извршено е извлекувањето на 16 репрезентации учеснички на бараж натпреварите за пласман во завршницата на ЕВРО 2020, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Нион извлечени се четири групи со по четири репрезентации во рамките на баражот за пласман во завршницата на ЕВРО 2020. По групите ќе се игра само по еден натпревар. Полуфиналните средби по групи се закажани за 26 март 2020, додека финалето ќе се одигра на 31 март 2020 година. Четирите репрезентации, што ќе ги освојат првите места по групите, ќе изборат пласман во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020.
Директен пласман во завршницата на Европското првенство 2020 низ квалификациите обезбедија: Белгија, Италија, Русија, Полска, Украина, Шпанија, Франција, Турција, Англија, Чешка, Финска, Шведска, Хрватска, Австрија, Холандија, Германија, Португалија, Швајцарија, Данска и Велс.
Паровите по групи од бараж натпреварите за ЕВРО 2020:
Група А
Полуфинале:
Исланд - Романија
Бугарија - Унгарија
Група Б
Полуфинале:
Босна и Херцеговина - Северна Ирска
Словачка - Република Ирска
Група Ц
Полуфинале:
Шкотска - Израел
Норвешка - Србија
Група Д
Полуфинале:
Грузија - Белорусија
Северна Македонија - Косово