Балкан

Тврдење за „руска интервенција“ против Договорот за името меѓу Македонија и Грција

Постои тврдење дека грчкиот бизнисмен со руско потекло и претседател на ПАОК, Иван Савидис, во Македонија испратил 300.000 евра финансиски средства за поддршка на протестите против Договорот за името

Ekipa  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Тврдење за „руска интервенција“ против Договорот за името меѓу Македонија и Грција

Atina

АТИНА (АА) - Постои тврдење дека со цел да се поттикнат протести во Република Македонија кои би го попречиле спроведувањето на постигнатиот договор меѓу Грција и Македонија, грчки бизнисмен близок со Русија, во Македонија доставил финансиски средства, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) се вели дека грчкиот бизнисмен со руско потекло и претседател на спортскиот клуб ПАОК, Иван Савидис, во Република Македонија на некои формации, меѓу кои е и групата на македонските навивачи, им испратил најмалку 300.000 евра финансиски средства за поддршка на протестите против Договорот за името.

Во соопштението се тврди дека средствата, на некој начин се внесени во Македонија и доделени им се на политичари од различни партии, на радикални националистички групи и на навивачите на спортскиот клуб Вардар.

Изјава за новинарите даде и премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој истакна дека приведените навивачи на групата „Комити“ од протестот што се одржа минатиот месец, на полицијата ѝ изјавиле дека руски бизнисмени им дале пари со цел да учестуваат во настаните. Приведените изјавиле дека тие не се против ништо.

- Савидис негира -

Тврдењата објавени во медиумите, Савидис ги оцени за „потполно неосновани и клевета“. Освен тоа, во соопштението се вели дека е подигнато обвинение против медиумската куќа „Buzzfeed“ (Базфид), која ја објави веста.

Иван Савидис, грчки државјанин со руско потекло, покрај тоа што е претседател на спортсикот клуб ПАОК, во исто време е и сопственик на неколку медиумски организации и компании. Голема реакција во грчката јавност предизвика настанот на кој Савидис за време на натпреварот за шампионската титула на ПАОК, на теренот излезе со пиштол.

Договорот што го постигнаа Македонија и Грција за решавање на проблемот со името, кое долги години не беше решено, предвидува името да биде сменето во „Република Северна Македонија“. Со овој чекор се очекува на Македонија да ѝ бидат отворени вратите кон НАТО и Европската Унија (ЕУ). Но и во Македонија и во Грција, некои групи, првенствено опозициските партии се против овој Договор.

Постигнатиот договор предизвика големи дебати во Грција, а под обвинение дека претставуваат „закана за националната безбедност на Грција“, двајца руски дипломати се депортирани од Грција, а за други двајца е донесена одлука со која им се забранува влез во земјата.

Постои тврдење дека руските дипломати, со цел да се поништи постигнатиот договор, преку грчки бизнисмени им даваат мито на екстремно десничарски партии, на претставници на локалните власти и на некои верски службеници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.