Emel Öz Gözellik
09 Август 2018•Ажурирај: 10 Август 2018
АНКАРА (АА) - Редовното вежбање по три до петпати во неделата е добро за менталното здравје, вели една студија направена во САД, пренесува Anadolu Agency (AA).
Проценети се нивото на физичка активност и психолошката состојба на 1,2 милион лица кои учествуваа во оваа студија.
Како резултат на тоа, откриено е дека тимските спортови, велосипедизмот и аеробните вежби во траење од по 45 минути, три до петпати во неделата, имаат позитивен ефект врз менталното здравје.
Во студијата се наведува дека сите физички активности, вклучувајќи ги и домашните работи, како и грижата за децата, имаат добар ефект врз менталното здравје, без разлика на возраста и полот.
Резултатите на оваа студија се објавени во списанието „Lancet Psychiatry“.