Nuri Aydın
14 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Научниците наведуваат дека јадењето во текот на денот може да го зајакне менталното здравје на ноќните работници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на веб-страницата „Pakobserver“, научниците истражувале како времето на јадење влијае врз менталното здравје кај работниците во ноќна смена.
Во овој контекст следена е општата здравствена состојба на ноќните работници кои јаделе преку ден и оние кои јаделе ноќе.
Во студијата се истакнува дека оние работници кои јаделе во текот на денот не доживеале никакви промени во расположението, додека оние кои јаделе во текот на ноќта, имале депресија и влошување на расположенито слично на анксиозност.
Покрај тоа, во студијата е откриено дека навиката за јадење во текот на денот може да биде ефикасна за елиминирање на нарушувањата на деноноќниот ритам и спречување на интолеранција на гликоза кај ноќните работници.
Претходните истражувања покажаа дека работниците во смени имаат 25 до 40 отсто поголем ризик од депресија и анксиозност поради нарушувањата на деноноќниот ритам отколку работниците кои работат само во една смена.
Стјуарт Пирсон, професор по Невронаука на Универзитетот во Оксфорд, рече: „Оваа студија покажува дека менувањето на времето на оброците може да има јасни и мерливи ефекти врз расположението во услови на работа во смени.“
Резултатите од истражувањето се објавени во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“ (PNAS).