Mutlu Demirtaştan
29 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Утре ќе бидат извлечени групите од УЕФА Лигата на шампиони од натпреварувачката сезона 2018/2019, јавува Anadolu Agency (AA).
Извлекувањето на групите на најзначајното европско клупско фудбалско натпреварување, УЕФА Лига на шампиони, ќе се изврши утре во Монако со почеток во 18:00 часот.
Денеска се играат преостанатите 3 плејоф реванш-натпревари, по што ќе бидат познати и последните учесници во Лигата на шампиони.
Извлекувањето на клубовите ќе се врши од четири топки, а распоредот на екипите по топки е следен:
1. ТОПКА: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона (Шпанија), Баерн Минхен (Германија), Манчестер Сити (Англија), Јувентус (Италија), Париз Сен Жермен (Франција) Локомотив Москва (Русија).
2. ТОПКА: Борусија Дортмунд (Германија), Порто (Португалија), Манчестер Јунајтед (Англија), Шахтјор (Украина), Наполи (Италија), Тотенхем (Англија), Рома (Италија).
3. ТОПКА: Шалке 04 (Германија), Олимпик Лион, Монако (Франција), Ајакс (Холандија), ЦСКА Москва (Русија).
4. ТОПКА: Клуб Бриж (Белгија), Галатасарај (Турција), Јанг Бојс (Швајцарија), Интар (Италија), Хофенхајм (Германија), АЕК (Грција).
По натпреварите што вечерва ќе се одиграат меѓу Салцбург (Австрија) - Црвена Sвезда (Србија), ПСВ (Холандија) - Бате (Белорусија) и ПАОК (Грција) - Бенфика (Португалија) ќе бидат познати екипите што ќе го обезбедат пласманот во Лигата на шампиони. Победничките три екипи и екипите на Ливерпул (Англија), Валенсија (Шпанија) и Викторија Пилзен (Чешка) кои обезбедија директен пласман, ќе ги заземат своите места во топките на утрешното извлекување.
- Првите натпревари од Лигата на шампиони се закажани за 18 и 19 септември -
Натпреварувањето по групи во „Лигата на гигантите“ ќе започне на 18 и 19 септември, а ќе заврши на 11 и 12 декември.
Финалето на Лигата на шампиони е закажано за 1 јуни и ќе се одигра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид.