Admir Fazlagic
29 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - Селекторот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, ги соопшти имињата на фудбалерите на кои ќе смета во првите два натпревари од Лига на нации, против Гибралтар (6 септември) и Ерменија (9 септември), пренесува Anadolu Agency (AA).
На списокот на селекторот Ангеловски се наоѓаат 18 фудбалери, но поради повреда неизвесен е настапот на двајцата фудбалери кои настапуваат во Хрватска, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Дарко Велковски (Риека).
Меѓу избраниците на Ангеловски е и Елиф Елмас, кој игра за турскиот Фенербахче.
Повик од Ангеловски добија:
Голмани: Столе Димитриевски и Давид Митов Нилсон;
Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски и Мите Цикарски;
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Езџан Алиоски и Елиф Елмас;
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.
Репрезентацијата на Македонија новото натпреварување на УЕФА Лига на нации го отвора со гостување во Гибралтар на 6 септември, а три дена подоцна на Националната арена во Скопје ќе гостува селекцијата на Ерменија.