Admir Fazlagic
24 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Противници на фудбалската репрезентација на Македонија во новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации ќе бидат Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ждрепката по која беа фрмирани групите во Лигата нациите, беше одржана денеска во швајцарскиот град Лозана.
Македонија ќе игра во Група 4 од Д-сегментот. Доколку победат во групата, репрезентативците на Македонија продолжуваат во плеј-офот.
Селекцијата на Косово ќе настапи во групата 3 против Азербејџан, Фарските Острови и Малта.
Според денешната ждрепка во Лозана, во другите две групи од Лигата Д ќе настапат: Група 1: Грузија, Латвија, Казахстан, Андора и Група 2: Белорусија, Луксембург, Млодавија и Сан Марино.
Лига на нации започнува на 6 септември 2018 година, а групната фаза ќе трае до 20 ноември.