Doga Kirmizioglu
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
АНКАРА (АА) - Францускиот фудбалски клуб Париз Сен-Жермен, го совлада својот противник Монако со резултат 4:0, и со тоа стана победник на Суперкупот на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на 23. издание на Суперкупот на Франција, Париз Сен-Жермен се соочи со Монако во кинескиот град Шенжен.
Првото полувреме заврши со водство на Париз Сен-Жермен кој постигна 2 гола во првото полувреме, и тоа во 33. минута со голот на Анхел ди Марија, и во 44. минута со голот на Кристофер Нкунку.
Исто така, и во второто полувреме на мечот продолжи водството на Париз Сен-Жермен, со головите на Тимоти Веах во 67. минута, и Ди Марија во 90.+2. минута, и со тоа Париз Сен-Жермен победи против Монако, со резултат 4:0.
Париз Сен-Жермен стана победник на оваа организација вкупно осумпати, од кои шестпати по ред.