Dejan Maksimoviç
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ЛОНДОН (AA) – Френк Лампард (40), некогаш извонредниот фудбалер од средниот ред и репрезентативец на Англија, синоќа успешно ја започна тренерската кариера. Неговиот Дерби Кантри во првото коло од Чемпионсшип славеше на гости кај Рединг со резултат 2:1, и тоа со голот во судиското надополнување кој го постигна Том Лоренсе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Домаќинот првин поведе во 55. минута, а потоа следуваше пресврт во натпреварот. Првин, пет минути подоцна израмни Масон Монт, а потоа Лоренсе во четвртата минута од судиското надополнување донесе целосен пресврт во натпреварот.
„Искрено, Ридинг не заслужи да загуби, но морам да го пофалам карактерот на мојот тим кој се врати од резултатското заостанување и освои 3 бода. Ова е одлично за нас, тоа е она поради кое се вратив на оваа игра. Секако, потполно сум свесен дека ваквите работи нема да се случуваат секоја недела. Не треба да се претерува, не заслуживме да победиме, имаме уште многу на што треба да поработиме за да напредуваме. Но, пуштете нè да уживаме. На прославата може да се види колку ова ни значи на сите нам“, рече Лампард за британските медиуми.
Во текот на успешната фудбалска кариера со Челзи, чиј дрес го носеше 11 сезони, освои сè што може да се освои во Англија, а на тоа ја додаде и титулата во Лигата на шампионите и Лига Европа. За репрезентацијата на Англија одигра дури 106 натпревари и постигна 29 голови.